Сергеј Рутенка ја обновува својата ракометна кариера откако белорускиот ас конечно успеа да најде нов клуб за да продолжи со играњето ракомет. Екс-ракометарот на Барселона речиси цела година беше слободен агент, но не успеа да најде нов ангажман, се до денешниот договор со катарскиот клуб Ал Кајада.
Раководството на катарскиот клуб минатото лето го доведе екс-голманот на Барселона, Даниел Шариќ, а со ангажманот на Рутенка уште повеќе ја истакнува намерата да се бори за трофеи. Најзаслужен за реализацијата на овој трансфер е тренерот Борис Денич, кој соработуваше со Рутенка во Горење Велење, Целје и во словенечката репрезентација, па сега самиот инсистираше Белорусинот да биде доведен и во катарскиот прволигаш каде работи.
Сосема очекувано со оглед на предолгата пауза, Рутенка нема да биде дел од белоруската репрезентација на претстојниот светски шампионат што ќе се одржи во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.