| четврток, 6 декември 2018 |

Жена почина во опожарен стан во Центар

Ноќва во 01.20 часот во ЕИК Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пријавено е дека од нивна страна е интервенирано на ул. „Никола Тримпаре“, каде бил опожарен стан,  во кој било можно да има луѓе.

По преземени мерки констатирано е дека во станот било лицето С.Г. (82), која починала на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување од чад, а пожарот бил предизивикан најверојатно од електрична греалка.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top