Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Центар.
Во периодот од 9 до 11 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Нов Живот“ и „Вашингтонска“ во општина Шуто Оризари, а од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Арсениј Јовков“, „Македонска Преродба“, „Борис Сарафов“ и „Ѓурчин Кокале“ во општина Ѓорче Петров.
Без струја утре од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Баница“ од бр.19 до бр.29, а од 9 до 15 часот ќе бидат дел корисниците од улиците „367“ и „Дренак“ во општина Кисела Вода.
Од 9:30 до 11 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Долна Арнакија во општина Сарај, а во период од 11 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Раде Јовчевски Корчагин“, „Преспанска“, „Анте Хаџи Митков“ и „Велешка“ од бр.1 до бр.55. во општина Центар.
Како што информираат од РЦУК на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електромрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.