Сигурно ниту еден фудбалски фан на Бундес лигата не очекувал дека натпреварот од рамките од 16. коло од германскиот шампионат меѓу Баерн Минхен и Лајпциг, ќе биде дерби на првиот и вториот тим на табелата.
Сепак, малиот клуб кој е спонзориран од енергетскиот пијалок „Ред Бул“ во досегашниот тек од сезоната докажа дека може да се носи со секој тим во германската прва лига, а тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти вика дека парите не се најважен фактор за успехот на Лајпциг
– Лајпциг игра тимски фудбал, но ние мора да одиграме онака како што најдобро знаеме, доколку сакаме победа. Имаме свој стил на игра и утре треба да ја имаме контролата врз топката и не треба да стравуваме од квалитетите на противникот, туку едноставно да одиграме како што знаеме. Парите не се најважен фактор во успехот на Лајпциг. Да, тие се важни, но клучна е нивната добра организација како и атмосферата и мотивацијата која е создадена во овој тим пред мечот – изјави вчера Анчелоти.
Натпреварот меѓу првопласираниот Баерн Минхен и вториот Лајпциг ќе се одигра вечерва на „Алијанц арената“ со почеток од 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.