| четврток, 6 декември 2018 |

Ракитиќ го навредил Енрике затоа сега ја грее клупата на Барса

Juventus FC vs FC Barcelona

Барселона влезе во посакуваниот ритам, но за каталонската јавност е изненадување што Луис Енрике во последно време воопшто не смета на услугите на Иван Ракитиќ, кој средбите ги следи од клупите за резерви. Гомеш често добиваше предност пред Хрватот, на последните средби откако се врати Иниеста крај него настапува и Денис Суарез, па дури и Рафиња во моментов се наоѓа пред Ракитиќ на „листата на играчи за врска“ на Енрике.

– Јас не морам да ги образложувам своите одлуки на фудбалерите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту пак ќе го правам. Ракитиќ бил и се уште е добар играч на Барса, а јас ќе морам да ги прифатам критиките, но ќе продолжам да го правам она што е најдобро за екипата – изјави тренерот на Барселона.

Магазинот „Дон Балон“ открива дека односите меѓу двајцата се нарушени речиси цел месец, откако Енрике прочитал изјава на Ракитиќ во која Хрватот истакнал дека сака би сакал еден ден да заигра за Пеп Гвардиола. Тренерот на Барса го окарактеризирал ова како „флерт“ со Манчестер сити во период кога Ракитиќ се уште разговара за нов договор со каталонскиот гигант, па според „Дон Балон“ токму затоа екс-фудбалерот на Севилја сега средбите ги следи од клупата за резерви.

– Нема ништо чудно во тоа тренерите да решат да казнат некој играч, дали поради изјава или слаба форма. Во секој случај, очекувам Ракитиќ наскоро да се врати во тимот, а што се однесува до преговорите, немаме причина да брзаме со новиот договор – истакна претседателот Бартомеу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top