Екипата на Реал Мадрид соопшти дека Арбитражниот суд за спорт во Лозана делумно ја прифатил жалбата на клубот поврзана со суспензијата поради неправилна регистрација на фудбалери до 18 години.
„Кралевите“ беа казнети од страна на ФИФА со „замрзнување“ на два преодни рока, јануари и јули, 2017 година, но сепак, Арбитражниот суд ја намали казната на само еден преоден рок. На оваа тема, Реал Мадрид објави соопштение.
– Арбитражниот суд за спорт го информира Реал Мадрид дека делумно ја прифатило жалбата поврзана со нашата суспензија за ангажирање на фудбалери. ФИФА одлучи Реал Мадрид да не може да регистрира фудбалери во наредните два преодни рока, меѓутоа, казната е намалена на еден преоден рок и ќе важи само за јануари, 2017 година. Одлуката на судот ја покажува грешката на ФИФА, иако од нашиот клуб сметаат дека не треба воопшто да бидеме казнети – велат од Реал Мадрид.
Реал Мадрид пред два дена освоија трофеј на Светското клупско првенство, додека во Примера се лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.