| четврток, 6 декември 2018 |

Оби Микел е во преговори со Олимпик Марсеј

obi-mikel

Долгогодишниот член на премиерлигашот Челси, Џон Оби Микел започнал преговори за трансфер во Марсеј, пренесуваат медиумите од Англија. Тој во неколку наврати беше на излезна врата од „Стемфорд бриџ“ и се чини дека такво нешто ќе се случи во овој зимски преоден рок.

Нигериецот досега не одира ниту еден натпревар под водство на менаџерот Антонио Конте, а Марсеј ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација. 29-годишниот член на Челси се уште може да прикаже квалитетни партии и во иднина би можеле да го гледаме во дресот на францускиот тим.

Пред да дојде во Чесли, Оби Микел настапуваше за Лин, а за „сините“ од Лондон настапи на 374 натпревари и шестпати се запиша во листата на стрелците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top