| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Насилството и омразата нема да победат

nasil

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан синоќа ги осуди нападите кои се случија во Анкара, Берлин и Цирих и порача дека насилството и омразата нема да победат.

-Ги осудувам гнасните напади. Насилството и омразата нема да победат- напиша Хан на Твитер.

Во Анкара вчера беше убиен рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, во Цирих најмалку три лица се ранети во пукотница во центарот на градот, додека во Берлин возач на камион влета меѓу масата на божикен саем при што уби 12 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top