| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изрази сочуство за убиството на рускиот амбасадор

Рускиот амбасадор во Турција беше убиен вечерва во терористички напад што го изврши полициски специјалец поврзан со пучистичкото движење на Фатулах Ѓулен

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски изрази сочуство до семејството и пријателите на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Ганадиевич Карлов, и до колегите во Министерството за надворешни работи на Русија.

„Длабоко сум шокиран од атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов. Искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и Министерството за надворешни работи на Русија“, напиша Попоски на Твитер.

Рускиот амбасадор беше застрелан од зад грб на отворање изложба во Анкара. Антентатор е 22-годишниот Мевлут Алтнташ, кој пред неколку месеци бил избркан од работа од безбедносните служби на Турција поради поврзаност со пучистичкото движење на Ѓулен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top