| четврток, 6 декември 2018 |

ОБНОВЕНО: Три терористички напади за 3 часа: По Анкара, Берлин терористички напад и во Цирих (ГАЛЕРИЈА)

За три часа три терористички напади. Атентат врз рускиот амбасадор во Анкара, камион усмрти деветмина на божиќниот пазар во Берлин, тројца се повредени во престрелка во исламскиот центар во Цирих.

Набрзо откако во светот одекна веста за атентатот на рускиот амбасадор во Турција од напаѓач кој извикувал „Алах акбар“, швајцарскиот магазик Блик објави вест дека тројца се повредени во престрелка во Исламскиот центар во Цирих.

Полицијата во Цирих соопшти дека неидентификувано лице влегло во центарот, кој се наоѓа во близина на главната железничка станица, и испукало неколку истрели на група луѓе кои се молеле. Напаѓачот за кој се верува дека има околу 30 години, носел црна облека, и е во бегство. Полицијата врши увид на местото на злосторството. Повредените лица се хоспитализирани.

 Градската полиција и кантонската го бараат бегалецот и ги сослушуваат сведоците.
Полицијата пронашла тело неколку блока од Исламскиот центар и испитува дали има веска со нападот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top