| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен напаѓачот на рускиот амбасадор во Турција, викал „Алепо“ и „одмазда“

Напаѓачот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов бил „неутрализиран“ од турските безбедносни сили, објавија турските медиуми.

Според очевидец на нападот, мажот кој пукал во рускиот амбасадор извикувал „Алепо“ и „одмазда“.

– Додека зборуваше амбасадорот висок маж во костум прво пукаше во воздух, а потоа врз дипломатот. Тој извикуваше „Алепо“ и „одмазда“, тврдеше очевидецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top