| четврток, 6 декември 2018 |

Зголмен бројот на заболени од овчи сипаници во Велес

Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес во текот на месецов се регистрирани 49 лица заболени од овчи сипаници.

Епидемиологот д-р Билјана Трајкова изјави дека најголем број од заболените, 33 се деца од претшколска возраст од една до седум години, кои посетуваат градинка. Од заболените, 12 се деца на возраст од 7 до 14 години, едно лице е на возраст од 15 до 19 години, а три се на возраст од 20 до 59 години.

– Карактеристично е што болеста се јавува на циклуси од три-четири години кога повторно масовно се јавува кај децата кои не ја прележале досега – додаде Трајкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top