| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивалот Браќа Манаки во влијателното списание „Бритиш кинематографер“

Во влијателното списание „Бритиш кинематографер“ во изданието за месец ноември од 2016 година, е објавен обемен текст на две страници, со шест фотографии на новоизбраниот претседател на Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО, Рене Рестад, во кој, тој со суперлативи се заблагодарува на директорот на 37. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски и уметничката директорка Гена Теодосиевска, како и на организаторот на конгресот на ИМАГО во Битола, Томи Салковски и неговиот мал вреден тим, за успешното 37. издние на фестивалот “Браќа Манаки“, во чии рамки, од 13 до 15 септември, прв пат, успешно беше организиран и конгресот на ИМАГО.

„Македонското друштвото на филмски професионалци, како домаќин на ИМАГО, ни овозможи и пријатен престој и ефикасни средби“, пишува Рестад.

Тој, веднаш на почетокот му се заблагодарува на Томи Салковски, кој раководеше со организацијата на конгресот на ИМАГО во Битола и нанеговиот тим. Веднаш потоа, Рестад пишва и за фестивалот „Браќа Манаки“

„Им благодарам, исто така и на директорите на фестивалот, Благоја Куновски и Гена Теодосиевски што ни овозможија да бидеме дел од овој голем филмски балкански фестивал, кој особено се фокусира на важната улога на кинематограферот во продукцијата на филмот. Македонија, градот Битола и филмскиот фестивал Манаки е место со топло срце и одлично организиран фестивал и членовите на ИМАГО ќе го имаат тоа на ум и ќе го промовираат“, пишува претседателот на ИМАГО, Рестад.

Во текот на 37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа конгрес на Европската федерација на кинематографери – ИМАГО, во која што членуваат околу 50 меѓународни здруженија со повеќе од 4.000 кинематографери од сите краеви на светот. Домаќин на ИМАГО беше Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top