| четврток, 6 декември 2018 |

Валтери Ботас е фаворитот на Мерцедес за замена на шампионот Розберг

valteri-botas

Се поизвесно е името на замената на Нико Розберг во екипата на Мерцедес. Се работи за Валтери Ботас од Финска, кој моментално настапува за Вилијамс, за кој челниците на германската екипа се сериозно заинтересирани да го доведат.

По изненадувачкото повлекување на шампионот, кој три недели по освоената титула најави пензија, Луис Хамилтон остана без колега, а Мерцедес веднаш започна да го бара наследникот. Многу се зборуваше за доаѓањето на Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел, но јасно е дека првите лица на екипата го имаат својот фаворит.

Валтери Ботас има 27 години и цела своја кариера настапува за Вилијамс и се смета за еден од најталентираните возачи во неговата генерација. Според британските медиуми, првата понуда за него е одбиена, која гласеше евтини мотори за следната сезона и Паскал Велрејн како замена.

Вратите за Мерцедес за Ботас се отворени, а трансферот би можел да биде потврден веднаш по Нова Година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top