Вчера околу 06.30 часот во Битола на ул. „Мукос“, во куќа сопственост на Б.А.(38) настанал пожар во кој животот го загубил Ш.Ш. (80), вујко на сопственикот, кој престојувал во куќата. Во пожарот била опожарена и покуќнината.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.