
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во околината на градот Фиер во јужна Албанија, јави агенцијата АТА.
Епицентарот на потресот е лоциран на девет километри од градот Фиер, на длабочина од два километра. Засега нема податоци за жртви и материјални штети.
Во саботата, земјотрес од 4,3 степени по Рихтер ја погоди и областа на градот Гирокастро во јужна Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


