| четврток, 6 декември 2018 |

Опожарени две куќи во Охрид

Два станбени објекта се опожарени вчера на улицата „15 Корпус“ во Охрид. Пожарот избувнал утрото околу осум часот во една куќа по што пламенот се проширил на покривниот дел од објектот, а потоа и на покривот од соседната куќа – лепенка.

Веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, пламенот бил локализиран, но е причинета значајна материјална штета.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврди увидот. Како можни причинители се посочени неисправна електрична инсталација или неисчистен оџак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top