| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај на уцените и заканите со снимките на Заев – објавени разговори на Мендух Тачи со Оливера Трајковска

taci-olivera

 

 

Нема крај на објавувањето нелегални разговори. Деновиве повторно се вртат снимки од приватни разговори на јавни личности на социјалните мрежи. Овој пат станува збор за нелегално прислушувани телефонски разговори меѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи и новинарката Оливера Трајковска. Разговорите се објавени на фејсбук во петокот, на 16 декември, од засега непознато лице кое се крие зад лажен профил.

Новите прислушувани разговори се објавени само пет дена по предвремените избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи со повеќе од 455.000 гласови и освои 51 пратеник. Заев и раководството на СДСМ освен што се обидуваат да ги убедат албанските партии по секоја цена да коалицираат со нив во новата влада, со што би се заобиколила волјата на мнозинството граѓани, се соочуваат и со притисок од албанската заедница за исполнување на ветеното – двојазичност и федерализација. Од друга страна пак, Заев и неговите први соработници имаат силен притисок внатре во партијата од голем број неистомисленици кои од нив бараат преземање одговорност за десеттиот по ред изборен пораз.

Врз основа на околностите во кои се појавуваат снимените разговори, се поставуваат прашањата кој и зошто токму сега ги објавува овие приватни разговори меѓу политичар од албанскиот блок и позната новинарка? Дали овие снимки треба да значат предупредување за некој од соговорниците? Односно, дали се врши притисок и уцена кон Тачи да прифати формирање нова влада на чело со СДСМ, или пак ова е само предупредување до новинарката која уште минатата година јавно кажа дека „овој струмичики сељак не треба да биде лидер на партијата“. Токму во интервјуто со Заев од септември 2015 година, таа му ја признава веродостојноста на еден од прислушуваните разговори кои ги добила од него во папка, во кој ја прашува Радмила Шекеринска „Зарем овој струмички сељак ќе го поставите за лидер?“

Зоран Заев иако вети дека ќе поднесе оставка ако загуби на изборите, се уште одбива да го стори тоа и по секоја цена се обидува да ја продолжи кризата за да се задржи на лидерската позиција.

По повеќе од три дена откако снимките беа објавени на социјалните мрежи, молчат и од МВР предводено од Оливер Спасовски и од СЈО и од СДСМ. Никој не кажува како овие разговори се уште слободно циркулираат во јавноста иако СЈО тврдеше дека ги поседува сите снимки од Заев. Граѓаните веќе подолго време прашуваат до кога ќе бидат уценувани и рекетирани со нелегалните снимки на Заев кои ги доби од Верушевски и кога институциите на државата конечно ќе ги преземат работите во свои раце за да стават крај на шпионските игри на оваа политичко-криминална група?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top