| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судскиот спор на МПЦ – ОА во Австралија

Денеска почнува рочиште во Апелацискиот суд на Нов Јужен Велс, на кое во наредните пет дена тројца еминентни судии треба да се изјаснат за поднесените жалби од претходните  пресуди на рочиштата кои се слушаа последните 16 години во спорот „Владика Петар и управата на МПЦО Св. Петка“ од Рогдејл, Сиднеј, Австралија.

Според македонскиот активист Кире Циревски од Сиднеј, жалби како незадоволство имаат поднесено двете страни иако владиката Петар изјавуваше цело време дека во оваа судска разврска против управата на Св. Петка тој ja добил, односно одметнатата црковна општина Св. Петка ја вратил во единство под јурисдикција на МПЦ.

Доколку некоја страна е незадоволна од одлуките на овие тројца судии, на сојузно ниво може да се оди на највисоко федерално ниво во Канбера, главниот град на Австралија, на федералниот апелационен суд, каде што место тројца, пет мина судии ќе ги решаваат барањата на спротивставените страни, што би чинело дополнително уште милион долари од двете страни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top