Град Скопје денеска ќе ги презентира содржините што ќе им ги понуди на скопјани за време на новогодишните празници и за дочекот на Новата година. За целокупната програма што е организирана по повод новогодишните празници ќе зборуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, генералниот оперативен директор на „Македонски телеком“, Жарко Луковски, и претставник на „Пивара Скопје“.
Новогодишните активности ги организира Град Скопје во соработка со „Македонски телеком“ и „Пивара Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.