Најмалку 50 луѓесе повредени откако автомобил со кој управувал маж во повозрасни години удрил во толпа луѓе за време на парада во мало гратче во Вирџинија.
Според локалните власти, во инцидентот нема загинати, а меѓу повредените има и сериозно повредени. Името и возраста на возачот не се соопштени, но познато е дека тој учествувал во парадата.
Очевидците раскажуваат дека тој бил меѓу последните во колоната возила. Причините за инцидентот не се познати, но не се исклучува можноста, човекот да доживеал некој здравствен проблем затоа што во моментот на несреќата автомобилот се движел со брзина од 40 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.