| четврток, 6 декември 2018 |

Ако државата е обезглавена, останува граѓаните да ја земат правдата во своите раце

%d1%98%d0%be

-Со сите соседи треба да живееме со позитивна енергија, меѓутоа ако државата е обезглавена, а знаеме дека две и пол години се занимаваме со туѓи агенди, доколку раководството се занимава со нешто друго, останува граѓаните да ја земат правдата во своите раце – заклучи актерот Владо Јовановски зборувајќи за споменикот на паднатите бугарски војници што беше издигнат на Кајмакчалан, па потоа срушен без државна интервенција.

-Пред неколку месеци соседна братска Бугарија направи споменик на паднатите бугарски војници на Кајмакчалан. Друго е прашањето каква етичка припадност имаа војниците што се бореа во првите редови во српската, бугарската и грчката војска и се тепаа брат со брат. Јас почитувам секој да си ги слави своите жртви, но не може ниту една институција, па и од власта и опозицијата да не го искаже ставот во однос на прашањето –  може ли на секој што ќе му текне да прави споменици каде сака и кога сака?  Дозволивме сите што не газеле да си ги слават успесите. На крајот дојдовме до ситуација граѓанин на Македонија да отиде самиот и да ја скрши плочата, што исто е непријатно, не треба да имаме проблеми со Бугарија, со сите соседи треба да живееме со позитивна енергија. Но ако државата е обезглавена, знаеме дека две и пол години се занимаваме со туѓи агенди, ако раководтсвото се занимава со друго, останува граѓаните да ја земат правдата во своите раце- смета Јовановски.

Јовановски гостуваше во ОКО на ТВ НОВА со Горан Петрески, каде зборуваше за театарот, љубовта кон Македонија, активизмот на социјалните мрежи и актуелната политичка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top