Минус петнаесет степени се измерени изутринава во Берово, каде беше најстудено во Македонија. Во Скопје Петровец се измерени 11 степени, во Куманово, Крива Паланка и Прилеп се измерени осум, во Дебар и Скопје на Зајчев Рид 7 степени, во Гевгелија, Виница, Лазарополе, Претор, Охрид, Маврово 6, во Крушево 5, во Тополчани 4, во Пожаране и Ѓуриште 3 и во Дојран 1 степен.
Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена локална облачност, каде ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст. Од средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.