| четврток, 6 декември 2018 |

Била убавица, а потоа момчето ја полеало со бензин и запалило!

%d0%b3%d1%83%d0%b4%d0%b8
Џуди Малиновски од нападот, веќе 16 месеци се наоѓа во болница, каде направила 50 операции.

Жената која поранешното момче ја запалило жива проговорила за својот злобен напаѓач. Таа апелирала до сите жени кои се малтретирани од партнерите да побараат помош.
33-годишната Џуди Малиновски, 41-годишниот Мајкл Слагер ја полил со бензин и ја запалил во август 2015. година на бензинска станица во Гајани во Охајо по една расправија. Таа од тогаш е во болница, каде имала 50 операции. Нејзините повреди биле толку тешки што не можела да се соочи со напаѓачот на суд. Наместо тоа, сведочела од болничкиот кревет.
Слагер тврдел дека пожарот бил случајност, бидејќи само сакал да запали цигара. Тој не ја признал својата вина, што спречува подоцна овој случај да биде користен против него во било кое граѓанско или кривично судење.

%d0%b3%d1%83%d0%b4%d0%b82

Осуден е на максимална казна затвор до 11 години, на почетокот на оваа седмица. Меѓутоа, осудата може да биде променета доколку Џуди Малинковски, инаку излечена од рак, умре од здобиените повреди. Докторите сметаат дека тоа е можно.
Џуди Малиновски претрпела тешки изгореници на 90 проценти од телото. Останала без двете уши, неколку прсти, а лицето и е непрепознатливо.
-Не ни помислував дека човечко суштество може да биде толку злобно”, рекла Џуди Малиновски. “Тој само стоеше таму и не направи ништо.

Според зборовите на Џуди, никој не би требало да живее како неа.
-Имаше денови кога си велев дека не можам да живеам вака. Цело време сум во болка- вели таа. Ги посоветувала другите жени во насилни врски да побараат помош или едноставно да побегнат.
Нејзината мајка Бони Баус додала:
-Таа сака сите да знаат, секогаш ми вели: “Мамо, кажи им дека вербалното насилство е само почеток на физичкото насилство.
Семејството сега води битка да се имплементира законот на Џуди, предлог да се зголеми затворската казна за луѓе осудени за палење на други лица.
-Џуди е осудена доживотно  – рекла нејзината мајка на суд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top