| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Македонија нема да добие датум во јуни

На јунскиот самит нема да се донесе одлука за Македонија да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ, тврди поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски повикувајќи се на свои извори.

–          Воопшто не станува збор за тоа дали Македонија е или не е подготвена за преговорите затоа што тоа ЕК ја потврди нашата подготвеност со извештајот од 2009 година. Одлуката е политичка. Има најмалку една земја која веќе најави блокада. Тоа е соседна Грција, истовремено со соседна Бугарија односите по ова прашање не се најјасни. И она што треба да се знае дека три или четири поголеми членки кои не даваат приоритет на проширувањет  на ЕУ во овој момент, како Холандија, Франција и Германија, немаат голема причина да извршат притисок врз нашиот јужен сосед за да се стигне до консензус за доделување датум за Македонија, изјави за Канал 5 порашениот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top