Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со министрите за надворешни работи на Турција и на Иран за кризата во Сирија, при што е договорена средба во блиска иднина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Министрите го потенцираа значењето на заедничките напори на меѓународната заедница со цел пружање на хуманитарна помош во Сирија и посредувањето во изнаоѓањето на политичко решение за сирискиот судир, се посочува во соопштението.
Телефонскиот разговор бил на иницијатива на Русија.
Во меѓувреме, неименуван претставник на Министерството за одбрана на Русија изјави дека евакуацијата на бунтовниците кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад отвора нови можности за примирје и во другите делови на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.