| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Државата мора суверено да ги носи одлуките, мора да престане мешањето на амбасадорите во внатрешната политика

Државата мора суверено да ги носи  одлуките, некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред насобраните граѓани кои протестираат пред ДИК.

-Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа-рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top