Европскиот првак Реал Мадрид утре во финалето на Светското клупско првенство ќе ги одмери силите со Кашима антлерс. Капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос, најавува дека неговиот тим пристигнал во Јапонија со една и единствена цел, да го освои трофејот.
– За мене секој пат е остварување на сонот, кога како капитен на Реал Мадрид ќе го подигнам трофејот што ќе го освоиме. Ние дојдовме во Јапонија со таква цел, да го освоиме уште еднаш овој значаен пехар и да станеме светски клупски првак. Веруваме во сопствените квалитети и знам дека ќе одиграме натпревар на највисоко можно ниво. Кога се финалињата во прашање, Реал Мадрид знае како да ги освои. Секако, имаме огромен респект кон нашиот ривал Кашима – истакна капитенот на Реал Мадрид, на денешната прес – конференција на стадионот „Јокохама“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.