| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени двајца Албанци со 330 килограми кокаин

Холандската полиција во Ротердам запленила 330 килограми кокаин, чија вредност се проценува на 10 милиони евра.

Во акцијата се упсени двајца Албанци.

Полицијата се посомневала кога ги забележала криумчарите, во област со висок степен на безбедност, каде пристигнувале контејнери, по што веднаш извршиле контрола и ја пронашле дрогата.

Според тиранската телевизија АБЦ њус, која се повикува на холандските власти, овој настан е потврда за зајакнување на албанската криминална мафија во оваа земја.

Пред некој ден бил нападнат и полициски пункт, при што полицајците реагирале со истрели во воздух. Инцидентот, според полицијата, има поврзаност со запленетата дрога, бидејќи постоеле информации за пристигнување поголемо количество на дрога во Ротердам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top