| четврток, 6 декември 2018 |

Сулејман, Хурем, Езел и Шехерезад ќе зборуваат на македонски јазик

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, смета дека време е наместо турските телевизиски серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии.

Наскоро ќе започнеме со јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив на жал на понежниот пол, дел од тие емисии коишто се сега кога да вклучиш канал, било тоа да е Ифет, Езел, Илјада и една ноќ или Величенствниот, Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата или ред други ќе бидат намалени.

Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 наутро до 20 часот навечер да биде македонско производство, 40 проценти во 2014 година, дури 50 проценти во 2015. година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција, изјавил Ивановски за Курир.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top