Во финалето на мастерс тенискиот турнир во Рим, Рафаел Надал убедливо го победи швајцарецот и со тоа докажа дека е најдобар играч на сите времиња на земјена подлога.
Шпанецот го заврши турнирот исто и како што го започна со ефикасна игра во двата сета и со резултат 2-0 (6-1, 6-3) го освои својот 54 турнир и 24 во мастерс серијата во својата кариера.
Со оваа победа Надал ќе се искачи на четвртото место на новата АТП ранг листа.
Федерер не беше ни бледа сенка од она што сме навикнале да го гледаме и од тоа како го одигра овој турнир се до пласманот во финалето. Овој пораз е најтежок во последните 11 години за Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



