| четврток, 6 декември 2018 |

Иднината на Анчелоти на клупата на ПСЖ е неизвесна

Се повеќе се зборува дека тренерот на ПСЖ италијанскиот тренер Карло Анчелоти, ќе биде наследник на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид.

Директорот на клубот од Париз изјавува дека приоритет на тимот е да го задржи тренерот и во следната сезона и со тоа да се стави крај на сите шпекулации.

– Од секогаш сме сакале да го задржиме Анчелоти на клупата на ПСЖ. Ни треба. Тој и понатаму е најдоброто решение за клубот. Сеуште има договор со нас и треба да се разговара со него. Со него тимот ја освои титулата и ја врати во Париз по 19 години, Ни дава сигурност во резултатите и стабилна игра на теренот. Тој треба да ни каже какви му се плановите во иднина – изјави Леонардо пред почетокот на состанокот со Карло Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top