| четврток, 6 декември 2018 |

Меган и принцот Хари првпат фотографирани заедно!

Актерката Меган Маркл и принцот Хари се заедно неколку месеци, но досега никој не успеа да ги фотографира заедно. Ова е првата нивна фотографија која се појави во јавноста, снимена во Лондон. Изгледа дека принцот зборува додека Меган со наведната глава само се смешка. Меган отиде во Лондон во понеделникот и со својот принц ќе помине една недела. Во претходните денови се однесуваа како секоја вљубена двојка,­ купија елка, беа на мјузикл, а потоа на театарска претстава ­јавуваат, британските медиуми. Сепак, божикните празници нема да ги поминат заедно, ­принцот Хари ќе биде со семејството, а Меган нема да им се придружи.

hari2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top