Без никакви докази Фатиме Фетаи инсистира на запирки во првиот настап за да влезат во официјалниот записник, што предизвикува смеа кај присутната јавност.
Циркусантите од СЈО успеаја да го претворат и скопскиот основен суд во циркус. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи прикажува класично професионално фијаско со непознавање на процедурите и правилата.
Како почетник изјави дека доказите за кои тврди дека самата ги прибавила не знае дали се истите кои ги поседува судот, од причина што не може да ги спореди, бидејќи заборавила да ги понесе со себе.
Од друга страна, најмалку трипати беше опемената од судијката за нарушување на јавниот ред и искажување политички квалификации наместо да користи правно издржан речник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.