| четврток, 6 декември 2018 |

Воздухот во Скопје најмногу се загадува од загревањето на домаќинствата

Најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот во Скопје потекнува од загревањето на домаќинствата.

Според Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во скопскиот плански регион што го изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, загадувањето од загревање на домовите е 32 отсто, следуваат сообраќајот со 20 отсто, правот создаден од неуредените површини, уличниот прав и правот од градежните активности – 19 отсто, индустријата – 18 отсто, сулфатните соли – 7 отсто, нитратните соли – 2 отсто, и прекуграничниот пренос на загадувачки супстанции – 2 отсто.

Овие податоци беа објавени на презентацијата на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на подрачјето на скопскиот регион, на Краткорочниот план за квалитет на воздухот во скопскиот регион и на Интегрираниот катастар на загадувачите на животната средина што се одржа во петок во просториите на Град Скопје.

– Обврската за преземање мерки за заштита на воздухот од загадување не е само на Град Скопје, туку на сите 17 општини од Скопје и од скопскиот регион. Не може само од Градот Скопје да се чека да ја заврши работата. Затоа, ги повикав сите 17 градоначалници да присуствуваат на оваа презентација и да се вклучат во активностите за намалување на загадувањето, заедно со сите државни институции – рече градоначалникот Коце Трајановски, во своето обраќање пред присутните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top