Над 50 тешко ранети лица беа пренесени во Турција од почетокот на евакуацијата на цивили од сирискиот град Алепо, соопшти денеска директорот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник.
Тој ова го изјави на турскиот граничен премин Џилвеѓозу на турскосириската граница, кој се наоѓа спроти сирискиот граничен пункт Баб ал Хава.
Киник прецизираше дека сите ранети се цивили од источниот дел на Алепо.
Илјадници цивили го напуштија источниот дел на Алепо во рамки на спогодбата за примирје со властите на сирискиот претседател Башар ал Асад, за што им се овозможува преземање целосна контрола врз градот. -Околу 50 илјади лица се уште се блокирани во бунтовничките квартови и покрај договорот за евакуација- изјави вчера специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.