Перфектно порабена јака од сатен, украсни детали кои потсетуваат на накит и везени мотиви ги красат најубавите палта од кадифе, кои може да ги носите целата зима и да ви прилегаат со сите парчиња гардероба.
Кадифените чизми не се единствен тренд сезонава. Палтата изработени од овој „кралски“ материјал се многу популарни, а благодарејќи на добриот крој и атрактивни детали, тие се меѓу најпосакуваните парчиња за зимава.
Во одличната понуда на луксузни модни марки, но и оние секојдневните, има различни модели на палта од кадифе.
Ако сакате да имате барем едно парче кое ќе биде во тренд зимава и кое ќе биде впечатливо, тогаш сигурно нема да погрешите со палто од кадифе.
До неодамна ова парче од облеката беше многу класично и дел од формалните деловни комбинации, но зимава доби вистинска преобразба. На модните писти се појавува главно во темни бои, со кои е најлесно да се експериментира. Темносина, петролеј, бојата на вино се само некои од нијансите што се идеални за носење оваа сезона. Дополнителен впечаток оставаат палтата со нежносина и нежнорозова боја.
Сите модели најдобро се комбинираат и се носат со фармерки или со куси здолништа и панталони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.