Шпанските медиуми денес откриja дека челните лица на Барселона спремаат нов договор за својот тренер на првиот тим, Луис Енрике.
Договорот на Енрике со каталонскиот клуб завршува по крајот на оваа сезона, а претседателот Бартомеу посакува што поскоро да истиот да биде продолжен.
– Посакуваме да ја продолжиме соработката со Енрике, но не сакаме за ова да решаваме на крајот од сезоната – вели првиот човек на Барса.
Барселона е актуелен шампион на Примера, додека во оваа сезона се наоѓа на втората позиција со шест бода помалку од Реал Мадрид, додека во Лигата на шампионите обезбеди осминафинале, во кое ќе се соочи со францускиот шампион, ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.