| четврток, 6 декември 2018 |

Феноменот Заев – државата се тресе, а тој лаже ли лаже

Ли­де­рот на СДСМ ста­на си­но­ним за ла­га. На со­ци­јал­ни­те мре­жи не е ве­ќе „на ла­га­та“ ту­ку „на За­ев му се кра­тки но­зе­те“. Би­се­ри­те му ги зна­е­те си­те, ла­ги­те уште по­до­бро, а пос­лед­на­та е таа за оста­вка­та. Ќе ја дал и во пар­ти­ја и во оп­шти­на ако на по­бе­дел. И „шу прај­ме“ се­га за „ва­де­ње“ од глу­по­ста? Па единс­тве­но­то што го знае За­ев – кри­за, но­ви ла­ги и уште по­но­ва де­вал­ва­ци­ја на си­сте­мот, др­жа­ва­та и на сопс­тве­на­та на­ци­ја... Ви­стин­ски­от проб­лем е што овој пат и За­ев е из­ла­жан. Го из­ла­жаа де­ка ќе по­бе­ди, па тој коц­кар­ски, си­гу­рен во ме­стен­ка­та, ста­ви сѐ во за­лог. Ар­но ама, ча­до­рот му обез­бе­ди „са­мо“ 70.000 ал­бан­ски гла­со­ви, а ве­тил 100.000. Та­кси­рат...

Цик­ло­нот Бран­ко ја по­го­ди Ма­ке­до­ни­ја во август 2014 го­ди­на. Дој­де, ви­де и за­ми­на. Ви­стин­ски­от цик­лон за др­жа­ва­та, пак, бе­ше и е нас­лед­ни­кот на исто­и­ме­ни­от ли­дер поз­нат ка­ко БЦ, вре­мен­ско-по­ли­тич­ка не­по­го­да, ко­ја од април иста­та го­ди­на ја тре­се и де­ста­би­ли­зи­ра др­жа­ва­та. Поч­на со не­ло­гич­но­то не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти. Цик­ло­нот За­ев, си­но­ним за нај­го­ле­ми­от ка­ми­ка­зе-по­ли­ти­чар во исто­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја и мно­гу, мно­гу по­ши­ро­ко, не бе­ше ка­ко Бран­ко. Овој пар­ти­ски штет­ник дој­де, ви­де и оста­на. Не по­бе­ди ни­ко­гаш, но му се бен­ди­са вни­ма­ни­е­то на тол­па­та, па ве­ќе 2,5 го­ди­ни, ја те­ро­ри­зи­ра, уна­за­ду­ва и уни­шту­ва ид­ни­на­та на сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­род. Ве­ро­јат­но, ова е од­ли­чен слу­чај за истра­жу­ва­ње на свет­ски­те по­ли­ти­ко­ло­зи, пси­хо­ло­зи, фе­но­ме­но­ло­зи итн. Да, бли­зок е со Карл Фри­дрих Мин­ха­у­зен, поз­нат по не­ве­ро­јат­ни­те ла­ги што ми­лу­вал да ги ка­жу­ва. Нив пр­ви ги ове­ко­ве­чи­ле Гер­ман­ци­те Ру­долф Рас­ле и по­е­тот Го­тфрид Ау­густ Бир­гер. Ла­ги­те на нас­лед­ни­кот на БЦ и обо­жа­ва­тел на Мин­ха­у­зен, пак, ги по­све­до­чи це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност, не ед­наш, ту­ку сто­ти­на па­ти. На­ро­дот (кој Пен­да­ров­ски, кој со по­мош на Ал­бан­ци­те ста­на па­те­ти­чен Су­пер­мен, ми­лу­ва да си го на­ре­ку­ва сто­ка) за со­стој­ба­та на За­ев има ед­на до­бра фра­за, ко­ја ва­кви­те ли­ко­ви ги опи­шу­ва со два збо­ра. Да, „тр­чи-ла­жи“. Не­ве­ро­јат­но до­бар, кон­ци­зен и пре­ци­зен на­ро­ден опис на со­стој­ба­та и дејс­тву­ва­ње­то на ли­де­рот на СДСМ.

Ар­но ама, по­втор­но има­ме проб­лем. Ни­кој не мо­же да утвр­ди да­ли тој по­ве­ќе ла­же по ин­терв­јуа и прес-кон­фе­рен­ции, или по­ве­ќе тр­ча по стран­ски ам­ба­са­ди и ал­бан­ски се­ла? Од дру­га стра­на, За­ев не мо­же да би­де Мин­ха­у­зен. Гер­ма­не­цот ла­жел са­мо за да со сво­ја­та дар­ба ги нас­мее лу­ѓе­то од сво­е­то оп­кру­жу­ва­ње, а на­ши­от ло­ка­лен ан­ти­хе­рој за да дој­де на власт и за да ос­тва­ри не­чии ин­те­ре­си, кои се сѐ са­мо не ма­ке­дон­ски. По­ве­ро­јат­но, тој мо­же да би­де но­си­тел на ен­дем­ски пот­тип, во ме­ди­ци­на­та поз­нат ка­ко син­дром на Мин­ха­у­зен. Овој син­дром е по­вр­зан со из­мис­лу­ва­ње­то здрав­стве­ни проб­ле­ми за да се дој­де до тол­ку по­са­ку­ва­но­то вни­ма­ние. Кај За­ев, пак, син­дро­мот на Мин­ха­у­зен е уни­ка­тен. Тој ла­же и ла­же за да прив­ле­че вни­ма­ние и да дој­де на власт, но при­тоа из­мис­лу­вај­ќи ла­ги за сво­и­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци, а не­ре­тко и за се­бе, де­ман­ти­рај­ќи се, во про­сек, два­па­ти днев­но. За жал на ма­ке­дон­ски­от на­род, та­ка бе­ше и овој пат…

 

„А сад спектакл“: Како Заев тресеше мандати од ракав

Ве­ро­јат­но, по­ли­ти­ко­ло­зи­те не поз­на­ва­ат по­ли­ти­чар што тол­ку па­ти се де­ман­ти­рал и по­бил са­ми­от се­бе. Ај што ли­де­рот прет­ста­ву­ва сво­е­ви­ден фе­но­мен, но уште по­го­лем фе­но­мен се ли­ко­ви­те што се се­бе­прет­ста­ву­ва­ат ка­ко ин­те­ле­кту­ал­ци и ур­ба­ни ли­ко­ви, а оваа па­то­ло­шка ма­на во­оп­што не им пре­че­ше да гла­са­ат за не­го. Без лу­бри­кант ја про­гол­таа и при­ми­ја при­ка­ска­та за „ре­жи­мот“, „сло­бо­да­та“, „ропс­тво­то“ и уште ко­ја не глу­пост. На­стра­на, во ни­ту еден мо­мент не ги за­гри­жи не­го­во­то ли­ци­ти­ра­ње со дво­ја­зич­ност и со ал­бан­ски ја­зик од гра­дин­ка. Да, оти За­ев им ре­че де­ка тоа што јас­но го ка­жа, не би­ло та­ка. А тој не ла­же, не­ли. Маз­но, си го про­гол­таа об­јас­ну­ва­ње­то и сѐ што оди во комп­лет со не­го и си гла­саа. За дво­ја­зич­ност. Да, ре­зул­та­ти­те по­ка­жаа де­ка кај ели­ти­сти­те и тие што са­ка­ат да ста­нат не­ма ни­ту тра­га од ре­волт од ка­жа­но­то за ал­ба­ни­за­ци­ја­та. По­втор­но, ку­ри­ри­те ла­же­ле… За жал, екс­прес­но, еден ден по из­бо­ри­те ги де­ман­ти­ра­ше и отрез­ни но­во­то ра­ди­кал­но ми­ле­ни­че и пра­те­ник Му­хи, кој си откри де­ка тоа во­оп­што не би­ло ла­га и де­ка дво­ја­зич­но­ста мо­ра да се ре­а­ли­зи­ра. На­ве­де и 70.000 при­чи­ни за спро­ве­ду­ва­ње на ве­те­но­то и на ка­жа­но­то. Се на­до­вр­заа Ах­ме­ти, Та­чи, Се­ла и Ка­са­ми, кои вед­наш за­ми­наа на „ба­ци ра­ка“ кај Ра­ма во Ти­ра­на.

А За­ев, за­си­лен од одо­бру­ва­ње­то на членс­тво­то, си про­дол­жи со ла­га­та. Ве­ќе на­вик­нат, ка­ко лик за кој Ди­во На­се­ље (ка­де што освои еден куп ал­бан­ски гла­со­ви) бе­ше ме­стен­ка, па те­ро­ри­зам, лик ко­му не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри му ги да­доа стран­ски служ­би, па не­поз­на­ти му ги оста­ви­ја пред вра­та, за да му ги да­дат до­маш­ни „свир­ка­чи“, чо­век што се сог­ла­си на два тер­ми­на за из­бо­ри (април, па ју­ни 2016 го­ди­на) за да плук­не на ве­те­но­то и пот­пи­ша­но­то, чо­век што ла­же­ше без исав во Тел Авив, Љуб­ља­на, Берн, Стру­ми­ца и ка­де сѐ ве­ќе не, се­га за два де­на из­ла­жа два­па­ти во Скоп­је.

Да, без срам и пер­де, ли­де­рот на 11 де­кем­ври пред це­ла­та јав­ност из­ла­жа де­ка СДСМ осво­ил 52 пра­те­ни­ка, а ВМРО-ДПМНЕ 51 и си прог­ла­си по­бе­да. „Опо­зи­ци­ја­та на СДСМ, за­ед­но со гра­ѓа­ни­те, има еден ман­дат плус, че­ка­ме ре­зул­та­ти, во­ди­ме со еден ман­дат по­ве­ќе, по­чи­ту­ва­ни гра­ѓа­ни, ра­ду­вај­те се, сла­ве­те го жи­во­тот, пад­на ре­жим“. Во ме­ѓу­вре­ме, ДИК ин­ди­ка­тив­но доц­не­ше со ре­зул­та­ти­те и го пре­кр­ши Из­бор­ни­от за­ко­ник об­ја­ву­вај­ќи ги ман­да­ти­те со 2,5 ча­са за­доц­ну­ва­ње, но си ка­жа де­ка ре­ал­но­ста е 51-49, по­ткре­пе­но со око­лу два­е­сет ил­ја­ди гла­со­ви по­ве­ќе за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, се­пак, не го пре­мис­ли За­ев. По­ра­ди за­да­де­на­та ми­си­ја, се­га не му „ве­ру­ва­ше“ ни­ту на сопс­тве­ни­от из­бор, Чи­ча­ков­ски, па след­ни­от ден прог­ла­си не­ре­ше­но. Де­мек, ДИК не зна­ат, а СДСМ да ти има­ле не 49, ту­ку 50 ман­да­ти. Ај што за­бра­ни – не­кој ни слу­чај­но да не ко­а­ли­ци­рал со Гру­ев­ски, но без да се из­ви­ни за истре­се­на­та ла­га­та во не­де­ла­та, тој без пар­дон си „плес­на“ но­ва, ста­вај­ќи ги сопс­тве­ни­те че­да од ДИК во не­бра­но. И до­де­ка си­те се пра­шу­ваа што е иде­ја­та на ли­де­рот и да­ли во­оп­што ја има, ка­ко и па­мет, тој си имал ма­ка. Го­ле­ма ма­ка. ОСТАВКА, во мно­жи­на…

analiza224-sdsm-miting-zaev-2

Упс! „Се шегувавме!“ Се излета и понуди оставки

Исти­от тој на­де­жен Зо­ран За­ев во по­ве­ќе на­вра­ти ве­ти ли­дер­ска оста­вка во пар­ти­ја­та, па ду­ри и од гра­до­на­чал­нич­ка­та функ­ци­ја. Ни­кој не го те­ра­ше, ни­ту го пра­ша за тоа, но тој са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но си ве­ти де­ка со по­раз за­ми­ну­ва во по­ли­тич­ка­та исто­ри­ја. Го ка­жа исто­то уште пред ед­на не­де­ла, збо­ру­вај­ќи си по на­ви­ка за се­бе во тре­то ли­це ед­ни­на. По­твр­ди и ден­та на из­бо­ри­те при гла­са­ње­то во род­на­та Стру­ми­ца. Та­му опор­ту­ни­стот За­ев из­ја­ви: „Ако на ол­ку зна­чај­ни из­бо­ри се слу­чи не­га­ти­вен ре­зул­тат, то­гаш ми за­вр­шу­ва по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра, но не раз­мис­лу­вам за оваа ва­ри­јан­та за­што зре­ла е Ма­ке­до­ни­ја, жи­во­тот се вра­ќа и убе­ден сум де­ка по­бе­ду­ва­ме“. Тер­ми­нот „опор­ту­нист“ оз­на­чу­ва не­прин­ци­пи­ел­но ко­ри­сте­ње на по­вол­ни мо­мен­ти во одре­де­на си­ту­а­ци­ја за ос­тва­ру­ва­ње сопс­тве­ни, тес­ни и се­бич­ни ин­те­ре­си, без во­оп­што да се во­ди сме­тка за мо­ра­лот и за оп­шти­те ин­те­ре­си. Опор­ту­низ­мот нај­че­сто се вр­зу­ва ток­му со по­ли­ти­ка­та и со по­ли­ти­кант­ство­то. Ка­ков пре­кра­сен опис на дејс­тву­ва­ње­то на СДСМ и на За­ев во „Ви­ки­пе­ди­ја“, не­ли?

Са­мо не­кол­ку ча­са по­доц­на, отка­ко ве­ти оста­вка, За­ев пред вла­да­та во Скоп­је, до­де­ка без проб­лем ла­же­ше за осво­е­ни­те ман­да­ти и ве­ро­јат­но при­тис­нат од фрој­дов­ски­от комп­лекс, во еу­фо­ри­ја­та из­ви­ка: „Ле­ле, ле­ле, што на­пра­вив­ме!“ Мно­гу, мно­гу искре­но. На­ви­сти­на, ар­но што се пра­ша, за­тоа што на­пра­ви­ја тол­ку мно­гу глу­по­сти за др­жа­ва­та и за на­ци­ја­та.

 

Заев изненаден: Му ветија, а тој не победи?

Од дру­га стра­на, не­кол­ку пра­ша­ња про­из­ле­гоа од не­го­ва­та еу­фо­ри­ја. Ла­же­ше ли За­ев за ман­да­ти­те пред вла­да или бе­ше убе­ден во нив? Да­ли не­кој го из­ла­жа за ре­зул­та­тот, и да­ли тој, на­ви­сти­на, бе­ше убе­ден де­ка си­гур­но по­бе­ду­ва од исти­от тво­рец на ова обем­но и комп­лекс­но две и пол­го­диш­но сце­на­рио? Исти­от тој што при по­бед­нич­ки­от го­вор го спо­ме­на и Ни­ко­ла Гру­ев­ски, кој ве­чер­та со­оп­шти: „ Имав­ме иск­лу­чи­тел­но те­жок про­тив­ник. Тоа не бе­ше са­мо СДСМ, тоа до­бро го зна­е­те“.

Ве­чер­та на 11 де­кем­ври 2016 го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја се из­не­на­ди од ре­зул­та­ти­те. Кој по­зи­тив­но, кој не­га­тив­но, но ефе­ктот на из­не­на­ду­ва­ње­то бе­ше не­сом­не­но при­су­тен кај си­те. ВМРО-ДПМНЕ беа из­не­на­де­ни од ма­ла­та раз­ли­ка, но вклу­чу­ва­ње­то на Ал­бан­ци­те во при­ка­ска­та на За­ев ја об­јас­ни ди­ле­ма­та. Иста­та ве­чер се зна­е­ше за „по­бе­ди­те“ во Та­ну­шев­ци, Ара­чи­но­во, Сту­де­ни­ча­ни… ДУИ и ДПА беа не­при­јат­но из­не­на­де­ни од Бе­са, а уште не­по­вра­те­ни од пр­во­то, исти­те Али и Мен­дух се фра­пи­раа и од учес­тво­то на СДСМ. Бе­са се из­не­на­ди од се­бе, иа­ко и тие зна­е­ја де­ка не­кој (исти­от за­штит­ник на СДСМ) им ја сре­ди ра­бо­та­та на те­рен, но во нај­го­ле­ма еу­фо­ри­ја и ек­ста­за од при­јат­но из­не­на­ду­ва­ње пад­на членс­тво­то на СДСМ. Ни­кој од нив, не­у­па­те­ни­те во сце­на­ри­о­то, не ни со­ну­ва­ше за ва­ква бли­скост од са­мо 20 ил­ја­ди со гла­со­ви­те за ВМРО-ДПМНЕ.

За мно­гу­ми­на не­раз­бир­ли­во, но нас­про­ти членс­тво­то и сим­па­ти­зе­ри­те, За­ев, Ше­ќе­рин­ска и вр­ху­шка­та беа не­га­тив­но из­не­на­де­ни и во тра­ор. Тие, на­ви­сти­на, ве­ру­ваа во по­бе­да. Па та­ка им ве­ти­ја. Не Му­хи и Аде­ми. Кој го из­ла­жа ра­ко­водс­тво­то на СДСМ де­ка по­бе­да­та е де­фи­ни­тив­на?

Да, ча­до­рот и овој пат ја ут­на ра­бо­та­та. Исто ка­ко и со ефе­ктот на „бом­би­те“ и со ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“, ко­ја ус­пе­а­ја са­мо да вдо­ми двај­ца ели­ти­стич­ки џа­бо­ле­ба­ри во за­ко­но­дав­ни­от дом. Иа­ко, ов­де по­ми­наа нај­до­бро. Очиг­лед­но, не­кој сра­бо­ти од­лич­на ра­бо­та кај Ал­бан­ци­те. Со што и ка­ко тој не­кој ги ку­пи гла­со­ви­те на 70 ил­ја­ди при­пад­ни­ци на оваа за­ед­ни­ца, ве­ро­јат­но ќе ка­же вре­ме­то. Проб­ле­мот е да­ли не­кој ќе од­го­ва­ра за сто­ре­но­то, или не­ма да го по­ла­зи му­ва, исто ка­ко и акте­ри­те во игра­та на СДСМ, ко­ја до­не­се 150.000 др­жав­јанс­тва за Ко­сов­ци во 1994 го­ди­на. Ре­ци­ди­вот на исти­те тие Ко­сов­ци, по­ве­ро­јат­но нив­ни­те по­том­ци, го ви­дов­ме во авто­бу­си­те пол­ни со нив на 11 де­кем­ври. Ар­но ама, ут­наа за мал­ку. За са­мо 20-30 ил­ја­ди гла­со­ви, кои ќе им до­не­сеа по­бе­да.

Ве­ро­јат­но, авто­рот на сце­на­ри­о­то што трае ре­чи­си три го­ди­ни, го убе­дил За­ев де­ка ќе до­бие не 70 ту­ку 100 ил­ја­ди гла­со­ви од Ал­бан­ци­те. И та­ка сѐ изг­ле­да­ше сти­хиј­но. Поч­ну­вај­ќи од не­приз­на­ва­ње­то на из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на, бом­би­те, „ре­во­лу­ци­ја­та“, укра­де­на­та про­гра­ма, дво­ја­зич­но­ста, три­ум­фа­лиз­мот… Се­га, по­ле­ка, но си­гур­но, „сти­хиј­ни­те“ еле­мен­ти из­ле­гу­ва­ат од ха­о­сот и фор­ми­ра­ат од­лич­но и ефект­но сце­на­рио, кое, де­фи­ни­тив­но, не го смис­ли­ле За­ев, Ше­ќе­рин­ска и Ве­ру­шев­ски. Ши­ле­гов уште по­мал­ку. Проб­ле­мот е што при­ка­ска­та по­то­на ка­ко „Ти­та­ник“ на Ја­не­ва, а сце­на­ри­стот по­гре­ши за мал­ку. Оста­ну­ва отво­ре­но, да­ли исти­от тој ча­дор ќе ус­пее да го сра­бо­ти за­мис­ле­но­то пред офи­ци­ја­ли­за­ци­ја­та на ман­да­тот на Трамп, или, се­пак, утка­та од 20 ил­ја­ди гла­со­ви ќе зна­чи не­мил крај на сце­на­ри­о­то? Евро­па ве­ќе из­ле­зе со јас­на под­др­шка за ВМРО-ДПМНЕ. Ка­ко и да е, За­ев се за­ле­та. Ве­ти оста­вки, а за­гу­би. Не за­луд­но се отво­ри со: „Ле­ле, ле­ле, што на­пра­вив­ме!“ Очај­нич­ки­те че­ко­ри од по­ли­тич­ки­от да­ве­ник се оче­ку­ва­ни. 20 или 200 ил­ја­ди раз­ли­ка, т.е. ми­на­ти­те или овие из­бо­ри, но не­кој упор­но не приз­на­ва по­раз. Ни­кој не ни оче­ку­ва­ше За­ев да се сме­ни и да ста­не доб­ле­сен, но овој че­кор се по­са­ку­ва­ше од ед­на единс­тве­на при­чи­на – да се потс­ми­ри за­кр­ве­ни­от на­род, кој го за­кр­ви ток­му не­до­вет­ни­от не­приз­на­вач. Пра­ша­ње­то е са­мо до ка­де ќе оди во ури­ва­ње­то на ими­џот на сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­ци­ја? По­до­бро ка­жа­но, да­ли оста­на не­што не­ин­фи­ци­ра­но од не­го­ви­те не­до­вет­ни дејс­тва? Уште по­до­бро, пак, вре­ме е да пре­ста­не, за­тоа што тр­пе­ни­е­то на на­ро­дот е при крај…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 224. број на неделникот „Република“, 16.12.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top