| четврток, 6 декември 2018 |

Танга може – во болниците забранети само „миниќи“ и тешки парфеми

Лекарите и медицинските сестри одсега ќе мора да бидат потрадиционални додека се на работа. Министерот за здравство забрани нападна шминка, брусхалтери и хулахопки во боја.

Длабоко деколте може да се носи само во приватни здравствени институции и тоа само како дел од болничка  униформа. Ќе страдаат и оние со фризури , косата во иднина мора да биде средена и со малку декорации.

Идејата на Министерот Тодоров е да се воведе нова  хоспиталната култура што сите вработени во болниците ќе мора да ја почитуваат.

само докторите ќе можат да носат бел мантил а медицинските сестри, болничарите, шалтерските работници, и хигиеничарите ќе бидат облечени во друга боја.

Персоналот ќе треба да оди и на обука зад а научи како да се обраќа на пациентот.

Подигањето на гласот  и играње со  документи по шалтери ќе биде разгледувано на дисциплинска комисија од болницата.

И пациентите ќе мора да внимаваат како се однесуваат со докторите, сестрите и персоналот во болницата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top