| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена продажбата на нови автомобили во ЕУ

koli

Продажбата на нови автомобили во ЕУ е зголемена за 5,8 отсто во ноември со што регионот е на пат да оствари најдобар годишен резултат во изминатите десет години и да го надмине рекордот од 2007 година.

Бројот на новорегистрирани автомобили е зголемен на 1,15 милиони во ноември од 1,09 милиони во истиот период лани благодарение на големиот пораст во Шпанија, Франција и Италија, соопшти Здружението на европски производители на автомобили.

Проценките се дека продажбата на нови автомобили во ЕУ ќе достигне цифра од 14.7 милиони во оваа година што би било пораст од 7,1 отсто во однос на 2015 година. Во 2007 година биле продадени 15,5 милиони нови возила

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top