| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК прекина со работа во 3.30 часот, продолжува напладне

Државната изборна комисија во три ипол часот по полноќ ја прекина јавната расправа за приговорите поднесени од политичките партии за изборите одржани на 11 декември. Продолжение на седницата закажа за напладне.

Околу 22 часо пред седиштето на ДИК се собраа поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои порачаа дека нема да дозволат да им биде украдена победата на изборите.

ДИК досега одби седум од приговорите на Беса, а графологот кој треба да вештачи потпис на избирачко место по осмиот приговор на Беса стигна во ДИК непосредно пред одлагањето. Се уште не е пронајден записникот 15 за едно избирачко место во општина Теарце во ИЕ 6.

Комисијата вчера расправаше за четири од предлозите на СДСМ, кои ги одби, а денеска се очекува да продолжи со работата.

Граѓаните кои застанаа во одбрана на својот глас се разотидоа кога ДИК ја  прекина седницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top