Една од највлијателните личности на социјалните мрежи во земјава охриѓанецот на привремена работа во Скопје Бетмен Велит од викендов „доби“ нов идентитет.
Откако вчера на задоволство на гостите на семејната веселба седна и ги прикажа своите музички способности многумина сега го нарекуваат Бетмен Свирит.
Извори на свеченоста велат дека ако Бетмен Велит не успее да направи пари и кариера во медиумите и социјалните мрежи не му гине музичка кариера.
Каква атмосфера прави Бетмен Велит пардон Бетмен Свирит најдобро се гледа од лицата на тие што пееле по неговиот музички такт.
На последните локални избори Бетмен Велит доби стотици гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



