| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ниту сум се видел ниту сум се слушнал со Заев по изборите, фокусиран сум на формирање нова влада

Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден.

Ниту сум се видел ниту сум се слушнал со Заев по изборите, тврди претседателот на победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и го отфрла како целосно невистинито денешното тврдење на Заев дека бил во постојана комуникација со него: „Иако јавноста не знае, јас и Груевски сме постојано во комуникација, како што бевме и за време на изборниот молк“.

Груевски потсетува дека не е првпат СДСМ да проиславува кога губи, но тоа не чуди со оглед на тоа во колкав очај е Заев и што очекува тие што го најмија сега и да му помогнат да ја украде победата. Но, граѓаните, вели Груевски, одлучија и нема да го дозволат тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top