| четврток, 6 декември 2018 |

Нож во грб за 20 годишен скопјанец

По претходна расправија, синоќа околу половина час после полноќ во куќа на скопската ул.„Моцартова“, 20 дваесет годишниот П.Ш. со нож во пределот на грбот го прободел неговиот врсник В.Т. од Скопје.

Повредениот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му е констатирана тешка телесна повреда, повреда на лева плешка и истиот е задржан на лекување.

На наведената адреса пронајден е ножот со кој е извршен нападот и  траги од крв, а сторителот е приведен во полициската станица Кисела Вода за понатамошно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top