Лекар од Итна медицинска помош Битола пријавил дека на градското игралиште во Битола пред сендвичарата „Божино“, синоќа околу 01:35 часот во СВР-Битола, пронајдено и подигнато е повредено непознато лице кое е во бессознание и е пренесено во Клиничка болница Битола.
Од страна на УПС излезено е на лице место и констатирано е дека се работи за 61 годишниот П.С. од Битола.
Истиот има тешка телесна повреда, внатрешно крварење на мозокот и неколку скршеници на коските на лицето, истиот се наоѓа во бессознание на одделението за интензивна нега и е во животна опасност.
Од обавениот разговор со вработена во сендвичатата, констатирано е дека во 01:25 часот во претпоследниот ред на столици од сендвичарата, непознато лице му удрило тупаница на друго непознато лице во пределот на носот, по што истото паднало со главата на плочките.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.