| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Алепо е ослободен!

Сирискиот претседател Башар ал Асад објави дека сирискиот град Алепо е ослободен и ја прогласи победата на сириските сили над сириските бунтовници.

Тој ги поздрави неговоите сонародници поради ова случување.

-Сакам да ве уверам дека денеска се пишува историја на земјата, истакна Асад во краткото обраќање кон народот, кое беше постирано на неговиот Фејсбук профил.

-Со ослободувањето на Алепо може да се каже дека ситуацијата се промени не само за Сирија, туку и за реонот и за целиот свет, нагласи Асад.

Тој наведе дека за ослободувањето на Алепо секој граѓанин на Сирија имал свој придонес.

-Упорноста и решителноста на жителите на Алепо и упорноста и решителноста демонстрирани од целиот сириски надор, доведоа до тој успех, порача Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top