| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени траги од експлозив на останките од срушениот Ербас на египетската компанија „Иџипт ер“

Истражниот комитет на египетската авијација пронајде траги од експлозив на посмртните останки на жртвите од урнатиот авион на египетската компанија „Иџипт ер“.

Авионот Ербас А320 на 19 мај полета од Париз кон Каиро, а се урна во источен Медитеран, при што загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top