„Денеска во Тирана претседателот Ахмети има работен ручек со премиерот на Албанија Еди Рама, а ќе се сретне и со претседателот на државата и на собранието, Бујар Нишани и Илир Мета”, велат од ДУИ.
Средбата на Ахмети со Рама, доаѓа откако пред два дена лидерот на ДУИ одби да патува во Тирана, поради, како што изјавија од Мала Речица, пребукираност со партиски активности.
Од ДПА се уште нема информација дали нивниот лидер ќе се сретне со Рама, иако дел од албанските медиуми пишуваат дека Тачи одбил средба.
Во понеделникот со абанскиот премиер се сретнаа првите луѓе на беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села. Детали за средбите нема, но има информации дека Рама побарал партиите на Албанците да настапат со заедничка платформа како услов за влез во новата влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?