Наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности, ја добија македонскиот поет Стојан Тарапуза и поетот од Косово Еќрем Баша. Одлуката едногласно ја донесе Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ што се одржува во рамките на програмските активности на ДПМ.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на централната приредба на оваа манифестација, во јуни идната година. Друштвото на писателите ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, албански и англиски јазик.
Стојан Тарапуза е роден во Злетово, во 1933 година. Автор е на 28 стихозбирки кои оставија свој печат во развојните текови на македонската поезија во изминатите шест децении. Меѓу најзначајните поетски книги на бардот на македонската книжевна сцена Стојан Тарапуза, се вбројуваат: „Црвено растење“, „Во каменот ден““, „Мудрословија“, „Цвет и злато“, „Деновирки“, „Под стреата на ѕвездите“ и „Скаменет сон“. Неговата поезија во посебни книги и во антологиски и панорамски избори е преведувана на руски, англиски, чешки, српски, бугарски, словенечки, турски, романски, албански, украински и полски јазик. За својот книжевен опус добитник е на врвни признанија, меѓу кои наградите „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, „Змаева награда“, „Курирче“ како и на наградата на РТВ Скопје. Член е на ДПМ од 1966 година.
Поетот од Косово Еќрем Баша е роден 1948 година во Дебар. Дебитираше во 1971 година со стихозбирката „Опусите на маестрото“, а потоа објави уште дванаесет поетски книги, меѓу кои „Постојки на благодарните“, „Политикон“, „Ѕвездоморе“, „Атлет на белите сништа“ и „Млечен пат“. Негови песни се застапени во антологии на косовската, албанската и на балканските поезии. Еќрем Баша е редовен член на Академијата на науки и уметности на Косово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија